За да ги разбере сосема мажите на една жена и е потребно искуство. Многу искуство! Но бидејќи знаеме дека не би сакале да чекате со години за да натрупате такво искуство, ние ќе ви ги откриеме тајните за мажите уште сега. Еве ги 15-те најважни факти за силниот пол кои многу ќе ви помогнат во односите и комуникацијата со неговите претставници.
- Мажите чувствуваат дека флертуваме намерно со други за да ги провоцираме. И сепак трикот секогаш делува!
- Првото нешто што ги привлекува мажите е физичката убавина. Секогаш! Но тоа не значи дека треба да имате перфектни пропорции. Вие може да ги привлечете со насмевката, очите или косата…
- Сите мажи го сакаат порното!
- И тие сакаат комплименти! Направите ли комплимент на маж тој ќе го помни цел живот.
- Мажите сакаат секс и мислат на секс многу почесто од нас. Но тоа не значи дека секогаш се спремни и заинтересирани за секс. Ако маж ви откаже секс, не настојувајте. Така само ќе го одалечите уште повеќе.
- Мажите ретко молат за помош. Тие претпочитаат да се справат сами. Затоа не настојувајте и не се наметнувајте.
- Мажите не велат често „Те сакам!“. И тоа сосема не е повод да се сомневате во нивните чувства.
- Мажите сакаат умни и воздржани жени. Но тоа се последните квалитети што би сакале да ги видат и во кревет.
- Мажите гледаат на врската како на сериозен проект. Затоа и не се обврзуваат така лесно како нас.
- Мажите сакаат љубов, секс, разбирање… но она што најмногу им значи е да добијат респект од жената до себе!
- Мажите ретко ги предаваат своите пријатели. Затоа не очекувајте од неговиот најблизок пријател да ви признае за неверството на вашиот партнер.
- Ако сакаш еден маж да биде романтичен кон тебе, прво треба да го инспирираш.
- Можеби никогаш нема да признаат, но тие навистина се привлечени од жени, кои на било каков начин ги потсетуваат на нивните мајки.
- Мажите сакаат да помагаат на убави жени. Тоа им е нешто како инстикт.
- Некои од нив немаат ништо против да бидат папучари. Што се однесува до останатите, дури и не помислувајте да им поставувате услови или команди.