Нема сомнение во тоа дека ние нашите партнери и партнерки искрено ги сакаме, но понекогаш и најдобриот маж може да ја погоди слабата точка кај својата поубава половина.
Ова се некои од речениците кои знаат да го расипат расположението кај жената, а дел се од фондот на реченици кои ги користи секој маж.
– Мислам дека си се здебелила…
– Добро, добро, ајде не ме дави!
– Таа ми е само пријателка!
– Мајка ми знае тоа подобро да го направи…
– Такава ли мислиш да излезеш надвор?!
– Е што да правам? Таков сум и готово!
– Ти секогаш правиш проблеми и таму каде што ги нема!
– Еј, не можам сега, ме мрзи…
– Тоа беше само секс! Ништо не значеше.
– Немој да ме бараш, јас ќе ти се јавам…
– Ми се допаѓаш ти мене… но само како пријателка.
– Знам дека тебаше вечерва да излеземе, но финале во фудбал е,па…
– Ти си најубавата девојка која сум ја запознал!
