After Midnight

3-те најопасни проблеми, што вашата врска задолжително ќе ги сретне

Љубовниот пат е трнлив, спор нема! Ако мислите дека се ќе е песна, грешите. Односите бараат напори и грижи. Точно е дека секоја врска е уникатна сама по себе, но има проблеми со кои задолжително ќе се судрите. Ќе ги разгледаме 3-те најопасни.

Несигурноста

Не е нужно партнерот да ви даде повод кој ќе предизвика несигурност кај вас. Таа се појавува речиси постојано, но најчесто, кога тој оди некаде или прави нешто без вас. Оваа несигурност е пеколно суптилен проблем, затоа што не јаде од внатре, насобира негативни емоции и не вовлекува во големи филмови кои буквално ни ја уништуваат реалноста. За да се избегне овој проблем, потребен е конкретен став. Врската се состои од “јас”, “ти” и “ние”. Тоа е нешто што многу добро треба да го разберете. Општите активности и интереси се едно, а личните – друго. И тие се задолжителни елементи во односите. Ако ги нема, вие едноставно сте осудени на разделба.

Парите

Сами по себе тие не се толку страшни. Страшен е фактот дека се најчесто користен аргумент во споровите. Кој повеќе дава, кој повеќе троши… Многу често парите се и оправдување за ситуацијата – ако имавме пари, немаше да се караме вака. Она што и двајцата треба да дознаете е дека парите никогаш нема да бидат симбол за вашите романтични достигнувања. Кога се карате за нив, всушност проблемот е на друго место.

Промените

Секој од нас бара стабилност во животот. И често ни е страв да направиме нешто поинакво и храбро. Љубовта е свера која не прави исклучок. Страв да бидете заедно, страв да склучите брак, страв да направите дете… Точно е дека ова се важни решенија, но разберете едно – ништо во овој живот не е сигурно! Се менува за секунда. Или, како што се вели: “Животот не може да ти даде ништо што не може да ти одземе”. Затоа не плашете се од промените. Дури работите да не се случат така како што сте очекувале, гледајте позитвно на целата работа. Барајте лекција која требало да ја дознаете! И одиме напред, само со една идеја помудри.

Напиши коментар