After Midnight

4-те типа на бакнежи кои мажите ги обожаваат

Ех, бакнежи, слатки бакнежи. Кој ли не ги сака? Допирање на усните, вратот, увото…

Бакнежите се можеби најпознатиот универзален израз на чувставата и можеме да ги даваме во речиси секој монмент. Тие се ралични – брзи , долги, страсни, полни со љубов и поддршка… И, иако владее мислењето дека мажите не паѓаат особено по нив, тоа не е точно. Паѓаат! И тоа како! Но не на сите видови бакнежи. И сега ние ќе ви кажеме кои се 4-те најпосакувани од посилниот пол.

Бакнеж со нежно вшмукување на усната. Обично носи многу, многу страст кој буквално минува низ телото на мажите. Според истражувањата, овој бакнеж секогаш води до возбуда. Но кога ќе размислиме подобро, тогаш кој ли не води.

Бакнеж за време на секс. Не, не се чудете, не го сакаат само дамите. Дури има и многу едноставно објаснување зошто на мажите им е пеколно кул кога љубената ги бакнува за време на интимниот однос. Па просто тоа е знак дека на неа и е пријатно! Дека оваа близина и носи големи емоции и таа сака да ги сподели. Па, на кој маж не би му се допаднало ова?

Спонтан бакнеж. Тој е краток и не особено комплициран – на усните, на челото, образите, по рамото… Но убавото во него е дека е исполнет со љубов и дури радост да си до овој маж. Како што се вели, од ситните нешта се забележуваат вистинските чувства. И мажите го чувствуваат тоа.

Бакнеж со јазик. Тоа е класика, која нема како да ја пропуштиме. Дури, ако погледнеме повеќе апстрактно, овој бакнеж е толку интимен, колку и самиот секс. Во него има емоции, магија, интуиција…

Истото е и во сексот. Кога се оддаваме сосема еден на друг, чувставата се неповторливи. Ако го правиме “само за спорт”, тој е само физички чин со студен крај.

Write A Comment