After Midnight

Ако тој навистина те сака…

Многу често се случува мажот во една врска да е некако здрвен, штом ќе се проговори за чувствата. Има и спротивна варјанта – до вас да е современ Шекспир, кој ве преплавува со прекрасни зборови. Но треба да знаете дека ниту зборовите се сведоштво за љубовта, ниту пак нивното отсуство е сведоштво дека не ве сака. Гледајте ги дејствијата девојки!

Бидејќи, ако тој навистина те сака…

Секогаш ќе се најде причина да поминувате повеќе време заедно.

Ќе биде мил и грижлив, без да сака нешто во замена.

Никогаш не би заминал, оставајќи те расплакана.

Нема да дозволи да играш споредна улога во неговиот живот.

Нема да те навредува, да ти ја урива самодовербата и да те понижува. Напротив – ќе те тера да се чувствуваш како најспецијална жена.

Нема да се додворува на други жени, туку ќе настојува да те задржи тебе.

Нема да те тера да правиш работи кои не ти се допаѓаат , само за да му биде добро него.

Ако тој навистина те сака, ти ќе го почувствуваш тоа преку оганот во срцето, силната инспирација и отсуството на секаков сомнеж!

 

Write A Comment