After Midnight

Ако вистински сакаш некого…

Не нема да водиме длабоки разговори за Нејзиното Височество љубовта. Денеска ќе ја погледнеме забавната, но сепак поучна ( добро де, само донекаде поучна) страна на нештата.

Или она што треба да направиш ако вистински сакаш некого.

Според Шекспир: “Ако вистински сакаш некого, пушти го да си замине. Ако се врати, тогаш е твој. Ако не – голтни нешто отровно!” (Не, се шегувам, те молам само такви глупости не прави!).

Според Оптимистите: “Ако сакаш некого, пушти го да си замине. Не грижи се, ќе се врати. Да, да, знам дека ќе се врати… Верувам дека ќе се врати. МОРА да се врати! Мисли позитивно, мисли позитивно, мисли позитивно… “.

Според Нетрпеливите: “Ако сакаш некого, пушти го да си замине. Ако не се врати за еден час, нема време за губење”.

Според Бил Гејтс: “Ако сакаш некого, пушти го да си замине. Ако не се врати, најди си друг, направи му малку надградба и излези да се пофалиш со новиот производ”.

Според Физиката: “Ако сакаш некого, пушти го да си замине. Ако не се врати, значи се судрил со друг предмет, со кој има поголема сила на триење”.

Според Трговците: “Ако сакаш некого, пушти го да си замине. Ако се врати, имате договор. Ако не, објави дека производот е дефектен”.

Според Критиката: “Ако сакаш некого, пушти го да си замине. Го пушти ли? Сега официјално си прогласен за идиот!”.

Напиши коментар