← НАЗАД НА БОЗА

Арапски милионер ја запроси девојката што ја продава невиноста

Арапски милионер ја запроси девојката што ја продава невиноста
499 Читања

Катарина Милјорини (23) од Бразил, која веќе 15 месеци ја продава својата невиност преку интернет, сега ја разгледува понудата од арпскиот богаташ кој за еден милион и половина долари, освен секс бара и брак.

Првата аукција беше завршена во октомври оваа година, а клиентот кој се претстави како Натсу од Јапонија бил спремен да плати 780.000 долари за секс со Катарина. Иако договорот бил склучен “Хафингтон пост” објави дека Бразилката се откажала од бракот бидејќи тој не одговарал на описот кој бил даден. Поради тоа, повторно ја започнала аукцијата, во која со 440.000 долари води Американецот под прекарот Вајт. Катарина вели дека во меѓувреме добила уште еден примамлив предлог.

–          Тој е згоден, интелигентен и многу романтичен. Живее во прекрасна вила која ми ја покажа преку веб-камера – рекла студентката.

Богаташот, чие име и држава Катарина не сака да ги открие, се нарекува себе си “напреден муслиман”, но сепак вели дека не му се допаѓа тоа што младата девојка јавно ја продава својата невиност.

–          Ми предложи да се сретнеме во Малта. Тој би платил за патувањето за мене и за моето семејство. Не знам дали сакам да се омажам, бидејќи бракот е многу повеќе од пари. Тоа вклучува чувства. Доколку помеѓу нас се појави хемија, нема да се двоумам да му кажам “да” – објаснила Катарина.

Пред започнувањето на аукцијата Бразилката изјавила дека “не е проститутка”.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk