After Midnight

Биди ти! И да не ти е гајле за другите

Да бидеш она што си е личен избор, кој бара храброст, доблест и најмногу љубов. Најголемата Љубов – е онаа кон смиот себе. Понекогаш не е лесно да се засакаш вистински и често проблемот е во тоа што човек има склоност да се идентификува во однос со другите.

Едноставно прифатете се такви какви што сте

Го имате само тоа тело, само тоа лице, карактерот може да се надоградува, можеме да учиме за да сме подобри  – но ние сме она што сме. И за да се усовршуваме мора прво да научиме да се прифатиме и да се сакаме. Никој, никој неможе да ве сака повеќе од вас самите.

Насмевнете се на критиката

Насмевката секогаш помага. Се разбира, таа мора да е искрена, па дури и во моментите кога ви е тешко да се насмевнете, направете го тоа. Широко! Во почетокот можеби ќе е лажно, но ќе видите дека ќе се промени. Кога другите прават да се чувствувате лошо, применете го овој трик.

Правете го она што навистина го сакате

Има слобода и слобода. За да се развие човек, тој мора да си ја дозволи личната слобода да се изрази себе. Затоа, кога правиш нешто, запрашај се дали навистина го сакаш тоа. И одговори – искрено.

Ценете се

Сватете дека во вашиот филм вие сте главниот лик, од вас зависи што ќе добиете и до каде ќе стигнете. Другите се само статисти. Доколку вие не се цените, другите ќе го следат вашиот пример.

Напиши коментар