Неодамна луксузната марка на автомобили Lamborghini го одржа грандиозниот круг “Grand Giro Tour”, за време на кој 350 спортски модели се движеа по патиштата на Италија. Компанијата “Carshoe”, која е придружничка на групата Prada, учествуваше во иницијативата и пушти на пазарот специјални чевли за возење. Прославата за 50-годишнината на Lamborghini е во полн замав и привлекува соработници од целиот свет, кои со радост се вклучуваат во проектите на компанијата.

Специјалните чевли ја имаат формата на Lamborghini. Изгледаат едноставно прекрасни и се нудат во три различни бои – црна, темно сина и светло портокалова. Изработени се од висококвалитетна кожа. Меки кожени столпчиња се издигаат на петата. Според експертите од “CarShoe” чевлите ги исполнуваат сите барања на професионалните возачи.

