Дали некогаш сте обрнале внимание на тоа какви чевли носи момчето со кое се забавувате? Доколку не сте, направете го тоа веднаш, бидејќи според неговите чевли можете да дознаете каков е тој навистина.
Доколку носи елегантни чевли, станува збор за елегантен маж кој знае што сака. Меѓутоа, доколку се премногу впечатливи можеби е тој само заводник од кој треба да се пазите.
Доколку носи мокасини знае се за работата и задоволството. Шармантен е и знае како да ве заведе.
Доколку носи апостолки таквиот маж никогаш не брза и не се оптеретува со детали и ситници.
Ако не се патики кои се во моментот во мода, треба да знаете дека тој е сепак тренди, но секогаш бара нешто ново.
Доколку носи стартки значи дека е боем. Станува збор за момче кое некогаш било главно во друштвото и одеднаш морало да порасне.
Доколку носи обични спортски патики станува збор за момче кое сака удобност и кое е опуштено. Ваквиот тип е ретко заинтересиран за нешто друго освен телевизија и спорт.
Доколку носи сандали, значи трендовите не го интересираат, но исто така тој е еден од оние добри типови. Само внимавајте да не носи и чорапи со сандалите.
