After Midnight

Дали љубовта треба да се заслужи?

Кога некој ни значи, спремни сме да направиме се за да ја заслужиме неговата љубов или барем да бидеме по мерка на неговото срце. Истовремено еден од показателите на нечија љубов према нас е неговата намера или желба да ги задоволи нашите барања и потреби. Но и покрај тоа се случува љубовта да исчезне па и едните и другите често  остануваме со скршено срце и со чувството дека тоа не сме го заслужиле.

Љубовта не може да се заслужи! Љубовта занчи прифаќање на она што сте и какви сте.Задоволувањето на нечии желби со доброволно откажување од сопствените вистински потреби и аутентично однесување, ве одалечува од љубовта и радоста која со себе ја носи. Човекот кој ве сака никогаш нема да бара да се откажете од себе, бидејќи вие сте она што го сака. Доколку и вие тоа не го барате од него, Љубовта ќе биде ваш благослов!

 

 

Напиши коментар