After Midnight

Дали си и ти секси девојка?

Сигурно одамна сте забележале, но сепак и ние ќе ве потсетиме дека секси не значи совршени физички предиспозиции. Некои мажи претпочитаат слаби девојки, други ги привлекуваат по – сочните дами, трети немаат конкретен тип. Не еднаш сме зборувале за тоа дека има девојки кои не се особено атрактивни, но пак околу нив има полно кандидати. Зошто ви го велам сето ова? Бидејќи да си секси е на прво место состојбата на духот! И без оглед на фигурата, косата, очите, градите, секоја од вас е секси, доколку се препознае себе си во наредниве неколку знаци.

  • Секси жената не ги мрази мажите. Таа наоѓа заеднички јазик со посилниот пол и не се мачи да покаже интерес и симпатии. Многу често повеќето нејзини пријатели се мажи.
  • Секси жената се цени себе си. Таа не се сомнева во нејзината убавина, секогаш ја манифестира со достоинство и се држи на ниво.
  • Секси жената се гордее со себе. Не си влева комплекси на инфериорност, ниту пак им овозможува на другите да поттикнуваат такви.
  • Секси жената го сака…сексот! Не се срами да зборува отворено за него. И најмогу – сака да го прави тоа.

 

Write A Comment