After Midnight

Дали воопшто го сакате?

Дали е тоа љубов или заблуда? Некои врски однадвор изгледаат совршени, се додека на површина не испливаат омразата и нетрпеливоста. Дали воопшто го сакате?

Го сакате “површински” – Ви се допаѓа како изгледа, а неговиот животен стил го праваи уште попривлечен. Доколку ви се допаѓа неговиот стил на облекување, автомобилот, станот и пријателите, и вашиот партнер може да ви изгледа совршено. Но, на површни работи тешко може да се изгради стабилна и квалитетна врска.

Многу е поважно како тој се однесува со вас, дали се вашите животни ставови и планови слични, дали можете да се потпрете на него, дали ќе ви пружи поддршка…? Доколку не ги исполнува овие и други слични критериуми, со него тешко ќе бидете среќни.

Го сакате поради вложеното време – Кога врската трае долго, дури и ако сте незадоволни потешко ќе размислувате да ја прекинете токму поради времето кое сте го вложиле во таа врска. Иако инстиктот ви кажува да застанете и да го прекинете тој однос кој не ве прави среќни, можеби од инат ќе пробувате да направите се врската да успее. Наместо да се лажете, прифатете ја вистината и продолжете сами понатаму.

Опседнати сте со недостижното – на жените неретко им сеинтересни  мажите кои им се недостижни. Но, наместо да трчате по некој кој неможе да ви го овозможи она што го сакате, размислете за тоа да им дадете шанса на оние кој навистина можат да ве усреќат. Доколку сте опседнати со нешто недостижно, никогаш нема да бидете среќни – дури и ако го добиете тоа.

Напиши коментар