Дејвид Боуви споделува за својот проблем со наркотиците за кои вели дека доминирале над голем дел од неговиот живот и кариера. Музичарот жали што како 18 годишно момче не ги послушал советите на луѓето кои го предупредувале да стои подалеку од дрогата.
Пред околу две седмици 66 годишниот Боуви го издаде синглот Where Are We Now? – првиот нов запис после долги години, а на 8-ми март ќе излезе на пазарот и долгоочекуваниот албум The Next Day.
Во своето обраќање до јавноста музичарот рече: „Кој е најдобриот совет што би сакал да го бев послушал кога бев 18 годишен? Не земај дрога! Ми велеа и пред и откако почнав да се дрогирам. Но тогаш не ги слушав. Наркотиците ми го уништија животот. Во еден момент мислев дека ќе умрам.“