After Midnight

Десетте закони на секс бомбата

Што е она што едни жени го имаат, а другите не? Некои жени поседуваат особен магнетизам кој ги привлекува мажите како лампата ноќните пеперутки. Тие и само тие се вистинските секс бомби што ги тераат останатите жени да се прашуваат:” Не разбирам што толку гледаат во неа? Таа дури и не е толку убава…” И обратното, среќаваме речиси совршени убавици кои зрачат со безнадежност од кои мажите бегаат без дури и да се свртат.

Малите трикови на секс бомбата

Таа ја знае својата цена. И за да биде сосема уверена во себе си, таа нема потреба од црвен кармин и 12 сантиметрови штикли.

Таа нема комплекси по однос на својата фигура. “Закачалките” од модниот подиум се далеку од нејзиниот идеал за убавина и не се спредува со нив. Мажите претпочитаат жената да си има “се”.

Личи на мачка. Сексипилната жена има нешто мачкесто во себе, префинета грација и осет за опасност. Никогаш не знаеш кога ќе покаже нокти.

Не го меша сексипилот со вулгарност. “Нинон оди по острицата на бричот без да се исече.”- раскажувале за познатата куртизана од 17 век, Нинон де Ланкло. За вистинската секс бомба тоа правило важи до денес.

Таа умее да се облече така, за да посака секој да ја соблече. О, не, не станува збор за фармерки спуштени ниско до зоната на епилација или деколте до папокот. Вистинската жена носи облека  која лесно, сосема лесно ја гали машката фантазија.

Таа ги знае сите танкости на флертот. Го прави мажот да се чувствува како ловец. Односно тој ја води играта но таа го знае резултатот.

Таа останува недостапна. Таа не се фрла во нечии прегратки после едно штипкање по задникот. Таа со леснотија заврзува познанства, се согласува на состанок тет-а-тет, но додека мажот не ја однесе во кревет, не може да биде сигурен дали тоа воопшто ќе се случи. Како што велат англичаните:” Ако една лејди вели не, тоа значи може би, ако една лејди вели може би, тоа значи да, а ако една лејди вели да таа не е никаква лејди. “

Таа е природна и искрена. Не се плаши од своите желби и му кажува на мажот што сака, без разлика дали станува збор за торта или секс игра.

Таа смета дека жените со минато имаат иднина. И не се срами од своето. И ако има потреба од обожаватели, тоа е така бидејќи тие се најдобрата реклама за нејзината привлечност.

Го прави мажот да се чувствува специјален. И дури ако има две дипломи и една дисертација, не се труди да блесне пред него. Претпочита да ја смета за остроумна одошто умна. Но всушност и двете се точни.

Напиши коментар