Celebrity

Дилбер Стана

Дилбер Стана

Те сакам.

За тоа што сум, те сакам.

За тоа што ми даде, и ми зема, Те сакам

За тоа што ме направи

За сите мајки

За мојата мајка

 

На  06.10.2013 во 19 ч, во  склоп на затворањето на SDW2013,Ивана Кнез и Драма Студио ќе го презентираат мултимедијалниот проект “Дилбер Стана”.

Овој проект вклучува видео запис, режиран од Билјана Радиноска, моден едиторијал, изложба и перформанс на сцената на SDW2013. “Инспирацијата е црпена од нашата култура и традиција, чистината и модернизмот со нагласената симболика раскажуваат една субјективна приказна за нереализирано мајчинство”изјави дизајнерката Ивана Кнез. Овој проект ќе ја претставува македонската мода на престижниот  моден настан во Абу Даби “ Fashion Strikes”, за таа цел македонската публика ќе го види во работна верзија.

 

Напиши коментар