After Midnight

Добри VS лоши момци

Веројатно познат ни е фактот дека жените  не сакаат да бидат со добри момци затоа што не им се интересни, но дали е тоа единствената причина? Дали добрите момци се навистина така здодевни или има нешто во размислувањата кај жените?

Добрите момци не постојат

Тие можеби се грижат за манирите, но поради нивната внимателност девојките често се запрашуваат “дали позади перфектниот господин се крие нешто многу лошо?”. Едноставно добрите момци се премногу љубезни и често нивното однесување ги преминува границите на реалноста, што доведува до недоверба.

Почитување

Девојките често “паѓаат” на лошите момци поради нивната можност да ги држат работите под контрола. Никој не почитува луѓе кои немаат никакви барања, а тоа се однесува и на добрите момци.

Предвидливост

Многумина живеат досаден и испланиран живот, па затоа жените често ги привлекуваат момци кои што се однесуваат неочекувано.

dobar decko

Родени да се грижат

Жените сакаат да се грижат за некого. Меѓутоа, наместо да се грижат за децата, често подсвесно бираат мажи кои треба да се изведат на прав пат, мислејќи дека нивната љубов ќе ги спаси. Од друга страна, добрите момци не треба да бидат “спасени”.

Гени

Во својата потрага за совршен партнер, жените ги бираат најјаките гени, а со тоа на врвот на листата се лошите момци, кои се одликуваат со јаки- сигурни ставови и голема храброст.

Страв од интимност

Ако се плашите од својата интимност, очигледно е што ве привлекува кај лошите момци. Вашиот однос со нив се сведува на секс во кој нема многу поврзување, со што останувате сигурни во својот свет во кој се плашите од вашата интима.

Секс

Злобните момчиња се диви, страствени и импулсивни. Сексот со лошите момци е исто како огномет во кревет.

Шарм

И додека добрите момци често бараат зборови како да ја заведат девојката, на лошите момци доволно им е  само да се појават и да ја заведат девојката на досетлив начин.

los decko

Заштита

Површно гледано, мажите секогаш ја играле улогата на заштитник.Лошите момци креираат илузија дека во секоја ситуација би ве одбраниле и од најголемите светски криминалци.

 

 

 

 

 

Write A Comment