Секогаш сум верувала дека за да можеш да сакаш друг човек, мора прво да научиш да се сакаш себе. Што вклучува, да се почитуваш како личност, но да умееш да ги цениш и другите. Да имаш самодоверба, но не да си надмен. Можеш да правиш компромиси, но не и да ги погазуваш принципите. Или накракто – да ја најдеш онаа златна средина, која ќе ве прави тебе и саканиот среќни. И затоа решив да ви покажам неколку интересни правила на љубовта, за кои секој од нас треба да се замисли.
Секој заслужува почит и љубов! Но освен да добива, треба да научи и да дава. Инаку, порано или подоцна ќе остане сам.
Ако дозволите партнерот да ве навредува и да се однесува лошо кон вас, да знаете дека тоа нема никогаш да престане…
Никогаш не разговарајте и не се карајте за лични проблеми пред други луѓе!
Бидете чувствителни, простувајте! Само не и по цена на вашата самодоверба. Но не мешајте ја гордоста со самодовербата!
Нема како да добиете повеќе од она што сте подготвени да го добиете…
Контролата на зборовите е контрола над разумот…
Романтиката не е само во филмовите. Таа треба да биде дел од вашата врска. Љубете се и покажувајте љубов секој ден.
Понекогаш мало писменце на перницата значи повеќе од возбудлива екскурзија во Париз.
Не се срамете од своите чувства. Тие не се манифестација на слабост, туку начин да се изразите себеси.
Никогаш немојте да бидете со еден човек само затоа што се плашите да останерте сами, или пак ви е жал за него. Така го губите вашето, а и неговото време.
Само љубовта понекогаш не е доволна за да бидете среќни!
Ако се чувствувате раздвоени помеѓу двајца луѓе, секогаш изберете го вториот. Бидејќи, ако првиот ви беше доволен, вториот немаше ни да постои…
