After Midnight

Духовната врска – највисоката форма на интимна комуникација

“Во една врска нема ништо комплицирано. Комплициран е начинот на кој ја интерпретираме”.

Општо земено врските може да се поделат на на три вида:

Страсна

Толку силно се привлекувате сексуално што врската ви делува како дрога.

Удобна

Засега се е ок. Вие сте добри со него, тој со вас, не си пречите. Останувате заедно, па времето ќе покаже.

Духовна

Не, воопшто не станува збор за нешто платонско. Напротив. Таа е највисоката форма на интимна и емоционална комуникација помеѓу две лица.

Се сеќавам на една пријателка која имаше такви односи со едно момче. Ми велеше дека дури и да не се слушнат, таа знае кога е весел, кога е тажен. Кај него беше исто. Како да ги поврзуваше невидлива сила. Само што, нејзиното опкружување не го сакаше. И таа не успеа да им се спротивстави. Во моментов е мажена за друг. Но постојано ми повторува дека ќе го носи тоа момче во срцето.

Тоа е духовната врска. Таа ја спојува и страста, и удобноста од присуството на човекот до тебе. Но има и уште. Изразот “На еден бран сме”, е премногу слаб за да се опише ситуацијата. Таа дури граничи со нешто натприродно… да погледнеш некого и да го почувствуваш во себе. Да знаеш дека што и да се случува, тој или таа секогаш ќе биде дел од тебе.

Но јасни ти се недостатоците на тој човек. И покрај тоа, тие не ти пречат. Целата твоја суштина вреска дека сакаш да го поминеш животот со него. Кога тој е среќен и ти си среќна. Дури и да си во лошо расположение, насмевката спроти, те исполнува целосно. Гледаш во него најдобар пријател, најстрасен љубовник и еден дел од самата тебе, кој долго време ти недостасувал.

Звучи убаво и.. малку страшно. Такавите емоции често ги збунуваат луѓето. Затоа е тешко да бидат прифатени. Особено ако се во спротивност со нивниот начин на живот, сваќања или очекувања. Ги оддаваат чувствата на нешто друго – хемија, привлекување, слични карактери…

Ја занемаруваат ваквата врска, без да сватат дека станува збор за љубов.

Сепак во вистинска смисла на зборот. Без барања, услови и “така треба”. Таа се случува еднаш во животот. И тоа со малку повеќе среќа…

Борбата меѓу срцето и разумот е жестока. Секогаш! Затоа, во таков момент, секогаш потпирај се на она мало гласче што ти повторува, како да постапиш. Тоа гласче никогаш не греши…

Напиши коментар