After Midnight

Еве зошто е добро да бидете сингл!

Ценете ја слободата која ја имате! Љубовта не може да дојде на сила и кога не и е време, затоа чекајќи не пропуштајте да уживате сами!

Доколку судбината за вас сеуште не нашла пар, не очајувајте. Научете да уживате во својата слобода, која понекогаш може да биде поубава од било која врска. Чекајќи го човекот кој ќе ве усреќи, потрудете се да ги сватите сите предности на “сингл” животот.

–          Повеќе квалитетно време за пријателите и семејството: Можете да им го посветите сето внимание на своите пријатели, на дружењето, семејството, и опуштено да уживате во времето со своите драги луѓе, и никој да не вo ” дише во врат”.

–          Флерт било каде и било кога: Флертот е важен дел од животот, кој ве прави среќни и ве забавува, ја зголемува вашата самодоверба, прави да се чувствувате привлечно и атрактивно, и пред се ви овозможува да запознаете нови и интересни луѓе.

–          Не морате да ја трпите туѓата нервоза, фрустрација и иритантни навики: Се грижите смо за себе, имате свој мир и сето време на светот да си го посветиоте само на себе.  Не морате да ги трпите машките испади, нервоза, префрлања, напорно однесување или можеби неподнослива љубомора.

–          Можете да се фокусирате на СВОИТЕ сништа и цели: Една од најголемите предности на “сингл” животот е тоа што го имате сето време на светот да се посветите на исполнување на своите долгогодишни цели и сништа. Имате можност да се посветите на унапредување на кариерата, студиите, или едноставно да им се посветите на работите кои ги сакате и кои ве исполнуваат, а за кои не би имале време доколку сте во љубовна врска.

–          Повеќе време за забава и разноразни активности: Имате потполна контрола над своето време, можете да се забавувате колку што сакате, или можеби да научите нов јазик, да одите во теретана, да прочитате некоја нова книга и да погледнете некој нов филм.

–          Сами ги контролирате своите пари: Вашите пари се само ваши, никому не морате да му полагате сметки .

–          Имате можност подобро да се запознаете себе: Последно, но не и помалку важно е можноста да откриете кои сте вие навистина, да станете подобра личност, да сватите што сакате, а што не, што сакате од животот и од идниот партнер.

Напиши коментар