Некогашниот напаѓач на Интер, императорот Адријано многу тешко дека ќе се врати на фудбалските терени доколку продолжи со ова темпо.
Адријано ужива во тоа што моментално не е дел од ниеден тим и не е загрижен поради тоа. А зошто би бил? Направи огромно богатство и сега задоволство му е да троши пари, најмногу на жени.
После “дружењето” со бразилската плејбој лепотица Карен Кунрузан, врската со студентката Рената Фонтес со која има и дете, аферата со младата Бруна Кореон, Адријано си пронајде нова љубов.
Моментално дел од неговото широко срце е бразилскиот модел Дани Виери, која и е позната на бразилската јавност благодарение на нејзините провокативни и жешки фото сесии.


