After Midnight

Говорот на телото повикува на секс

Кога некоја личност ни се допаѓа, се обидуваме да ја привлечеме со давање на одредени знакови за кои се надеваме дека ќе ја постигнат целта. Тие знаци се разликуваат кај мажите и кај жените, но често патот до секс и за двата пола е ист.

Можете да флертувате на директен или дискретен начин. Кај директниот флерт се работи за брз телесен контакт, додека за дискретен, потребна е тактика која почнува со заводлив поглед. Погледот трае околу три секунди и се повторува во паузи, бидејќи личноста гледа во друга насока, но погледот секогаш му се враќа на вас.

Потоа следи пристапот и телесното приближување. Кога флертот е одобрен, следува разговор, а телата несвесно се приближуваат. Жените како изговор најчесто го користат палењето на цигарата.

Грешите доколку мислите дека мажите се тие кои го прават првиот чекор. Многу сексолози и експерти веруваат дека во најголем број случаи, жената е таа која го почнува процесот, за време на танцот или на друг начин, со што на мажите им ја покажуваат својата достапност. Жената на својот избраник ќе му покаже убав, насмеан поглед, ќе ги лизне усните, или благо по телото ќе се допре со прстите. Некои се играат со здолништето, а доколку при рака имаат чаша со пијалак, благо и нежно со устата ги милуваат рабовите.

Доколку жената го прати со интерес и со погледот го одржува контактот за време на разговорот, тоа значи дека го прифаќа. Доколку пак, постојано го врти погледот лево-десно, вашата шанса е изгубена

 

Напиши коментар