After Midnight

Идеалната летна љубов според Хороскопскиот знак

За ракот рибите и лавовите летните романси изгледаат како во филмовите, а за стрелците и близнаците тие се повеќе романтична серија. Новата студија покажа каква е идеалната летна љубов за различните Хороскопски знаци.

Овенот чека авантура. Високите температури, летната облека и алкохолот го поттикнуваат заведувањето, особено на плажа. Не се лажете дека станува збор за длабоки чувства, бидејќи овој знак паѓа на адреналинот, но ретко почнува сериозна врска во лето.

Бикот е приврзаник на барот. Климатизација, коктел во рака и набљудување на жената од соседната маса е совршено сценарио за летна романса. Следниот чекор во приближувањето е јадење во убав ресторан, бидејќи биковите се потпираат на сетилата. Најлошото кај нив при летните авантури е тоа дека многу кратко траат.

Близнаците сакаат бескрајна забава. Луѓето со овој знак многу лесно можете да ги препознаете. Обично носат тесен костим за капење и ако успеете да го задржите нивното внимание на неколку минути, значи имате големи шанси.

Ракот ја претвора аферата во љубов. Луѓето од овој Хороскопски знак долго ја набљудуваат својата “цел” пред да одлучат да се доближат до неа. Во романтична врска често влегуваат кога имаат сериозни намери, затоа имајте на ум да ни ги залажувате раковите, ако и вие немате длабоки чувства.

Лавот е идеален за летно друштво. Изгледаат одлично и затоа мажите често се привлечени од нивниот изглед. Успеваат да ја покажат романтичната страна во сите разговори. Со нив очекувајте долги прошетки на плажа, вечера на зајдисонце…

Девиците често бараат забава без никакви обврски. Коктел во едната рака, мобилен во другата и исклучен мозок – ова е описот на Девицата за време на одмор. Тие однапред јасно ставаат до знаење ќе го ограничат љубовното искуство со вас само за неколку дена.

Вагата не ги разликува летните романси од било која друга врска. Во односите со спротивниот пол тие секогаш бараат романтика. Ретко сами се доближуваат до некој, но кога некој ќе го зафати нивното внимание, наоѓаат начин “случајно” да се зближат со него. Неколку убави денови поминати со Вагата, ќе ви донесат пријатни спомени за цел живот.

Шкорпиите сакаат освојувања. Гитара, топка за плажа, чадор и представниците на овој знак ќе се упатат кон “жртвата”. Повеќето шкорпии сакаат флертови и ретко одбиваат секс, дури и ако другата личност е во сериозна врска или брак. Често се случува да се заљубат во некого, кога најмалку очекуваат.

Стрелците сакаат невообичаени места и искуства. Тие самоуверено го привлекуваат вниманието со своето отворено однесување. Од нив можете да заработите покана само за некои екстремни искуства како параглајдерство, кампување или банџи. Нивните бакнежи се страсни, а најдобри се во забавата.

Јарците се заводници. За нив летото е време за заведување. Представниците на овој знак нема сами да одат кај човекот кој им се допаѓа, но ќе најдат начин да го привлечат, па тој да дојде кај нив. Секси и слободниот карактер го прави Јарецот доста привлечен.

Водолиите сакаат необични работи. Читаат поезија, свират гитара или ве покануваат на чаша вино и филозофски разговори. Нема да му се допаднете само поради тоа што изгледате добро. За овој знак е важно нивната партнерка да има шарм и харизма.

Рибите се сензуални и емоционални. Тие се летните љубовници кои секој би ги посакал. Заедно можете да нуркате или едноставно да ги гледате sвездите на небото.

 

Напиши коментар