After Midnight

Извлечете се од канџите на женетиот човек!

Шест чекори до слобода

– Сакајте се себе. Точно недостатокот на љубов према себе ја тера жената во врска во која е однапред осудена да пати. Местото на љубовница порано или подоцна ќе го загрози личното достоинство и само недостатокот на љубов кон себе ќе овозможи во такаво нешто да се опстане. Кога ќе почнете да верувате дека заслужувате љубов, таа ќе ви се случи.

– Сватете дека тој не е единствениот човек на светот. Постојат уште многу интересни и луѓе достојни за љубов кои можеби сонуваат за жена како што сте вие.

– Отворете ги очите! Погледнте ги мажите со кои работите, кои ги среќавате на местата кде што излегувате, кои доаѓаат кај вашите пријатели, но не одете во крајност. Немојте да излегувате со било кој само за да ја закопате тагата, но дозволете некој да ви се допадне.

– Не мислете на него 24 сата. Престанете постојано да го чекате и во секој момент да бидете спремни за него. Не дозволувајте тој да биде целиот ваш свет. Пронајдете некое хоби, почнете да правите нешто што ќе ве исполнува, оттргнете се од опсесивното размислување за него.

– Пронајдете му некој мана. Не постојат идеални луѓе, па не е ни тој. Можеби не е доволно зрел, можеби не е толку паметен како што вие мислите… Што е тоа што тој го постигнал во животот? Ја осудува својата сопруга за лошиот брак, а ја лаже и ја изневерува. Зошто не ја остави? Прашање е да ли вас ве сака како што зборува. Што е навистина спремен да направи за вас? Колку се грижи за вашите потреби, чувства и иднина? Па, да ли е тој навистина оној фраер –јак и самоуверен?

–  Бидете чврсти. Кога ќе одлучите да го напуштите, воопшто не одговарајте на неговите повици и пораки, не го гледајте неговиот профил на фејсбук, не ги прашувајте заедничките пријатели за него. Секако, тоа не оди ни бргу ни лесно. Заштитете се максимално од се што би го успорило вашето оздравување и тргнете во нов живот.

 

Напиши коментар