After Midnight

Како да го натераш да прави се што ќе посакаш?

Секој маж може да игра како ќе му свириш! Дури и оној што се прави голем мачо и што делува дека ја владее ситуацијата. Тајната е во манипулациите. Пред да продолжам меѓутоа должна сум да напоменам дека тоа сосема не е вистинскиот начин во една врска. но како и да е, ќе ги споделам со вас најуспешните манипулации кои со гаранција ќе ви донесат успех за посакуваните од вас цели.

„Ми беше многу тешко но сакав да те израдувам!“

Секогаш кога ќе направите нешто убаво за него не пропуштајте да ги споделите жртвите што сте ги направиле. Време, пари, нерви…така му создавате чувство  дека ви е должен. Или во најмала рака дека треба да се жртвува на истиот начин еден ден и тој за вас.

„Докажи ми дека не сум во право!“

Сакаш да заврши некоја работа наместо тебе? Тогаш започни ја реченицата со зборовите: „Не верувам дека ќе можеш, но ќе беше добро ако…“

„Добро е што си ти, иначе не знам што би правела…“

Сите знаеме што би правела – ќе си ја завршеше работата и сама. Но едно вакво пумпање на машкото его има неверојатно силно влијание на неговата самодоверба. Така ќе го натераш да ги прави истите работи повторно и повторно, зошто верува дека тој се справува перфектно и дека ти не можеш да му се фатиш ни на малиот прст.

„Посакам ли нешто, не престанувам додека не го добијам!“

Ова е малку ризичен метод но кај добродушните мажи врши работа. Сакаш да отиде некаде или си бендисала нешто ново? Тогаш не престанувај да зборуваш за тоа. Во секој еден удобен момент! На крај тој ќе прифати се, само и само да те натера да престанеш.

„И мајка ти се согласува со мене!“

Ако успееш да ја придобиеш мајка му на твоја страна, речиси ќе нема нешто што тој би можел да ти откаже. Откако двете најважни жени во неговиот живот имаат исто мислење, тој тешко ќе може да одбие. А и нема ни да се осмели!

„Ти си виновен!“

Пренесувањето на вината е најподмолната но и најуспешната манипулација. Независно дали ќе бидеш хистерична  или навредено ќе молчиш, тој рано или касно ќе подлегне. Особено ако на тоа додадеш и некоја солза. Во вакви ситуации повеќето мажи се чувствуваат непријатно и се спремни на се, за да ја натераат жената до себе да престане да плаче.

„Направи го за мене тоа, а јас ќе ти вратам во кревет!“

Еве ова е манипулација што јас лично ја одобрувам со две раце. Доволно е само да е направена на префинет  и софистициран начин. Не е потребно дирекно да му кажеш дека ако направи нешто ти ќе му возвратиш со орален секс. Така не! Едноставно, секогаш кога тој ќе ги исполни твоите желби ти награди го соодветно на сексуален план. И демек случајно ќе спомнеш дека неговите денешни постапки те направиле многу среќна и разбудиле во тебе голема возбуда и сексуален апетит. И така тој со време ќе научи – ако сака нешто поспецијално и перверзно, треба да го заслужи!

Напиши коментар