Поради разни причини решивме да кажеме по некој збор за мажот – жена. Немаше како а да не ти кажеме накратко како точно изгледа ова животно, за да знаеш да бегаш далеку од таквите, а пред се да внимаваш НИКОГАШ да не станеш таков!
- Не се јавуваш на пријателите откако си фати девојка!
- Негодуваш за се – кога не ти се работи, кога ти се спие, кога си се прејал, кога си се препил, кога животот е неправеден, кога надвор е студено…
- Кога девојка ти ќе те праша „Каде ќе одиме вечер?“ Ти одговараш „Како ќе кажеш ти мила!“
- Јадеш житарки и јогурт сабајле.
- Се жалиш од работното место но не смееш да го смениш.
- Се уште оставаш да бидеш манипулиран од мајка ти.
- Се слушаш со твојата на секои 15 минути.
- Се слушаш со мајка ти барем два пати дневно.
- Многу сакаш да правиш кафенце на шефот, да му праќаш мејлови со обврските што си ги завршил, да играш тенис со него, да му доставуваш информации за колегите, да пиеш со него, да се смееш на неговите шеги и.т.н.
- Секогаш околу тебе има некаква драма. Успеваш да си најдеш причина секоја втора недела да бидеш во депресија, ама не си емо или хипстер, така да немаш ни такво оправдување.
- Се интересираш премногу од личниот живот на луѓето и си го ставаш носот кај што не треба. Ова е поврзано со претходната тема – ако во мометот немаш своја драма, се префрлаш на туѓите.
- Имаш секс еднаш, два пати месечно.
- Во тешки ситуации ја префрлаш одговорноста на друг или едноставно откажуваш да прифатиш одговорност.
- Поголемиот дел од твоите пријатели се жени, но ти немаш секс со нив, а само си шушкате баш како пријателки.