After Midnight

Како да го задржите вистинскиот?

Жените секогаш се во потрага по вистинскиот. Меѓутоа, секогаш некако налетуваат на погрешниот. Патот до правиот маж сегогаш е трнлив. Меѓутоа постојат некои правила кои можат да ви помогнат да престанете да бидете магнет за лузери.

Никогаш не се врзувајте за момче кое сака само авантура. Најдобро е да не влегувате во таква врска, бидејќи е тешко да останете ладни према човекот со кој ја делите интимата. Сакале или не тој ќе ви значи и така ќе може многу лесно да ве повреди.

Правилото дека не треба да спиете со него на првиот состанок заборавете го. Доколку чувствувате хемија помеѓу вас и доколку страстите пламнат уште првата вечер, направете го тоа. Правиот маж тоа нема да ви го земе за зло и поради тоа да ве стави во ист кош со девојките со лесен морал.

Имајте цел. Морате да бидете искрени према себе и јасно да знаете што барате и што очекувате од него. Дали е тоа авантура или озбилна врска? Кога ќе смислите, однесувајте се во склад со тоа и така поставете се.

Никогаш не се сожалувајте себе си. Нема ништо полошо од тоа да плачете над својата судбина. Главата горе, средете се и излезете со своите пријателки, не трудејќи се некого да шармирате. Знаете за она “Кога најмалку се надеваш”?

На мажите им е важен физичкиот изглед, но тоа не значи дека е доволен. Тие во жената бараат личност со која ќе можат секојдневно да разговараат и која никогш нема да се срами јасно и гласно да го каже своето мислење.

Држете до себе. Убаво е кога сакате да му удоволите на вашиот партнер и да му докажете дека ви значи. Сепак, тоа не треба да го правите често и со сите. Важно е во некои клучни моменти да останете при своите ставови и да не се предомислувате.

Врската ја сочинуваат двајца. Токму поради тоа треба да заборавите на тврдоглавоста и да бидете спремни на компромис.

Напиши коментар