Многу жени не се чувствуваат удобно, кога треба да се соблечат пред маж. Обично неувереноста доаѓа од тоа што се срамат од своите “дефекти”. Прво, мораме да ви кажеме дека за време на предиграта и сексот, мажите воопшто не обрнуваат внимание на вашите недостатоци. Но сепак ви нудиме неколку совети како да ја зголемите смодовербата, кога сте голи.
Мазна кожа
Секогаш добро одржувајте ја вашата кожа. Тука вклучуваме редовна депилација, хидратација и ексфолијација. Изберете лосион за тело со пријатен и секси мирис. Тоа ќе го зашемети мажот до вас и последно нешто што ќе забележи е големината на вашите колкови.
Маникир и педикир
Ако убавиот маникир е нешто задолжително, тогаш за педикирот можеме да кажеме само едно – исклучителен афродизијак.
Празно стомаче
Или поточно обидете се да не претерувате со храна и пијалоци за време на состанокот. Тоа ќе ви го надува стомакот! А тоа дополнително ќе ви пречи, кога ќе дојде време да се соблечете.
Секси коса
Имајте на ум дека добро направената фризура, нема да изгледа на ист начин по сексот. Убаво е да направите неколку “домашни” фризури, кои ви стојат добро, макар и да се немоќни.
Аксесоари
Долги гердани или закачливи нараквици се неверојатен прилог на голото тело. Носете ги, кога сметате дека нема да ви пречат или да создаваат непријатности на партнерот. Друг убав трик е да не ги соблекувате штиклите. Така ќе изгледате многу секси и возбудливо.
