After Midnight

Како ќе препознаеш дека се уште има чувства кон бившата?

Се сомневате ли дека тој можеби сеуште има чувста кон бившата? Или сте од оние девојки кои имаат 100% доверба во саканиот човек и не се тормозат со оваа проблематика? Кон која и категорија да припѓате драги дами, да знаете дека ни една од вас не е осигурана од ситуацијата: „Извини, но јас изгледа сеуште ја сакам неа!“ И затоа колку и слепо да му верувате, за секој случај погледнете ги овие симптоматични знаци кои покажуваат дека тој сеуште не ја заборавил бившата сосема.

–          Нивните заеднички фотографии на Фејзбук си стојат.

–          Зборува премногу критично за неа. Да, не брзајте да се радувате. Каде што има болка, има и чувства!

–          Не може да отиде на место што го потсетува на неа.

–          Зборува лошо за нејзиниот нов дечко.

–          Неговите пријатели дури не знаат дека вие постоите. Особено оние кои се заеднички пријатели со бившата.

–          Тој прави апсолутно се што таа не сакала да прави. Можеби сте му дале надеж за поквалитетна љубов. А можеби само се залажува дека му е подобро без неа…

–          Често наоѓа повод и причина за да и се јави. Или уште полошо – дознавате дека и се јавува тајно без вие да знаете.

–          Во неговиот телефонски именик таа е сеуште запишана како „злато“, „маче“ и слично.

–          Ја блокирал насекаде, Скајп, Фејзбук, меил…Тоа е знак дека не може да се контролира и затоа поставува високи ѕидови помеѓу нив.

–          Се уште ги чува нејзините работи. Но не спаковани и спремни за враќање, туку оставени точно таму, каде што таа ги оставила.

Напиши коментар