Добро, “ние”, штотуку стана “јас”. Сега допрва доаѓаат солзите и непријатностите од известувањата на роднините и пријателите, непроспиени ноќи, празните шишиња од вино… И, иако, доста совети ја наметнуваат идејата дека разделбата не се совладува толку тешко, сите ние знаеме дека не е така. Но сепак има начин да го надминете страдањето во оваа негативна емоционална фаза. За таа цел едноставно не треба да правите неколку работи.
– Не ги прегледувајте социјалните профили на бившиот.
– Не слушајте тажни љубовни песни. Како и песни, кои биле “ваши”.
– Не живејте со надеж дека тој ќе се врати.
– Не мислете постојано за грешките што сте ги направиле за време на врската.
– Не се споредувајте со новата жена во неговиот живот.
– Не обидувајте се да го задржите контактот со него.
– Не се фокусирајте само на убавите моменти поминати заедно.
– Не повторувајте дека тој е единствениот и дека друг нема да сакам така.
– Немојте да зборувате само за него. Ризикувате освен без дечко, да останете и без пријатели.