After Midnight

Како полесно да ја пребродите разделбата?

Изгорете ги мостовите

При разделбите, исто како кај врските, постојат некои правила кои не е лошо да се почитуваат. И да сте кажале “Збогум”, вашата работа е далеку од завршена. Колку и тешко да ви изгледа, треба да ги прекинете сите контакти со него.

Избришете го бројот од неговиот телефон,одстранете го од  вашите пријатели на фејзбук, заборавете му го скајпот. Тешко е, но мора да го сторите тоа. Во спротивно ќе станете статичен набљудувач на неговиот живот, а тоа може да биде многу болно.

Не му дозволувајте да разбере дека ве боли

Луѓето се садисти. Тоа е во нашата природа, без разлика колку добри се обидуваме да бидеме. Ако вашиот пријател разбере колку сте повредена, тоа само ќе го направи силен. Не му дозволувајте да ги види вашите вистински чувства, не му се јавувајте плачејќи и не го молете да бидете повторно заедно. Неговиот одговор најверојатно само ќе ве боли уште повеќе. Избегнувајте го и натерајте го да мисли дека вие сте добро и одлично се справувате со разделбата.

Држете се настрана од неговите пријатели

Ако врската ви била долга,веројатно имате многу заеднички пријатели и сте се запознале со неговите. Сепак, обидувајте се да ги избегнувате средбите со нив. Тие само ќе ве подсетуваат на него. Освен тоа постојано ќе добивате информации за неговиот живот.и тој ќе знае колку точно ве боли. Наместо тоа поминувајте време со пријателите кои се само ваши.

Заклучете ја неговата љубов

Несомнено имате неверојатно многу спомени од врската- играчки кои тој ви ги подарил, билети од кино, театар, фотографии, итн Не ги фрлајте. Еден ден тие ќе бидат дел од вашето минато и ќе можете да уживате во нив без да чувствувате болка. Ставете ги во една кутија каде што нема да ги гледате. Постапете по принципот “Далеку од очи, далеку од срце”.

Не бидете осамени

По разделбата ќе сакате да останете сами, да гледате во ништо и да воздивнувате. Исправете се пред голата вистина. Завршено е Крај! Потребно ли е да се затворите во себе и да плачете безутешно во аголот,додека тој продолжува без проблем? Чувството на осаменост е најголемата пречка на патот кон надминување на поглавјата. Затоа најдете си работа,излегувајте, забавувајте се.

Не му се јавувајте

Доколку ги следите горенаведените совети, најверојатно си поминувате добро и не мислите на него многу често. Но сепак треба да останете сами, барем за час. И тогаш посакувате да му се јавите. Немојте! Тоа само ќе го разбие вашето срце повторно и ќе изгледате слаби.

Бидете победник

Во разделбите, најголемите борби се на бојното поле на психологијата. Игубивте во аголот, плачете и несреќни сте, а победникот е силниот, оној кој ја надминува врската брзо и продолжува напред.  Додека сте силни и се држите до психолошката предност, вие си ја гарантирате победата во војната  и си обезбедувате помалку болка и солзи.

Напиши коментар