After Midnight

Како жртва размислуваш или како победник?

Има два начини на мислење – како жртва и како победник. Првиот тип луѓе секогаш наоѓаат оправдување за сопствениот неуспех. Тие или немаат среќа и време, или кризата им е виновна, или шефот не ги сака, или се неразбрани од околината…Вториот тип луѓе превземаат целосна одговорност за се што се случува со нив и околу нив. Зошто знаат дека се зависи од нив. Така се поставуваат себе си во позиција на апсолутна власт.

Ако некој успеал да постигне нешто, што јас го сакам, зошто и јас да не успеам? И зошто да не го надминам? Точно вака размислуваат луѓето кои имаат успех во животот на сите полиња.

Знаете ли вие на која група луѓе припаѓате? Ние ви нудиме да го споредите вашиот начин на размислување со оној на победниците. Избравме некои основни акценти:

–          Не се раѓаш победник, стануваш таков!

–          Доминантната сила на твоето постоење се крие во твојата мисла.

–          Имаш право и шанса сам да ја создаваш својата реалност.

–          Секоја несреќа носи нешто полезно.

–          Не си поразен се додека не го прифатиш поразот како твоја реалност и не решиш да престанеш да се обидуваш.

–          Имаш барем една дарба и талент во што си подобар од останатите.

–          Единствените ограничувања кои ги имаш во однос на тоа што можеш да го постигнеш, се оние кои сам си ги поставуваш.

–          Не можеш да постигнеш успех, без да се посветиш целосно на целта.

Ако и вие размислувате вака значи сте победник. Ако не…Размислете! Навистина ли се чувствувате среќно и исполнето? Тешко! Затоа е време да го смените начинот на мислење и да поверувате во себе!

Напиши коментар