After Midnight

Каков е мажот, за кого вреди да се бориш?

Некои луѓе велат “Слушај го срцето”, други, пак, тврдат дека емоциите не смеат да преовладуваат над разумот. Јас, како верен поддржувач на златната средина, верувам дека и двете мора да ги слушаме по малку. Прашањето е кога и што? Универзален одговор за секој нема. Но барем ќе се обидеме да ви дадеме некои насоки, кога станува збор за врска и интимни односи.

Бидејќи на секоја од нас барем еднаш и се случило да направи се за маж кој тоа не го залужува, како и да го отфрли оној, кој бил спремен да направи се за неа, и потоа да жали за пропуштеното. Каков е мажот, за кој вреди да се бориш?

Всушност тој не е херој од бајка или романтичен филм.

Тој е сосема нормален, обичен човек кој:

Прво ти вели дека си убава, а потоа дека си секси.

Ти се јавува, откако си му затворила.

Со бакнеж те тера да замолчиш кога си лута.

Те држи за рака пред своите пријатели.

Те подсетува колку си важна за него.

Не те остава вечно во заден план – поради хобито, работата, пријателите…

Не ти подарува цвеќе само за 8 Март и за твојот роденден.

Не ги решава проблемите така што создава нови.

Не бара од тебе постојано да си во добро расположение.

Не те бара само кога си му потребна за нешто.

Те прегрнува кога плачеш.

Го почитува твоето мислење, но не се плаши да ти каже кога грешиш.

Те заштитува.

Те прифаќа таква, каква што си.

Не ја бара вината во тебе, за своите грешки.

Ти вели дека единствената жена која ќе ја сака повеќе од тебе, ќе биде вашата ќерка…

Напиши коментар