Ајде дами, да ја погледнеме крвната група и да се обидеме да го утврдиме степенот на сексуалност на нашите партнери. Сите знаеме дека четирите крвни групи кријат во себе многу тајни. Познавајќи ги можеме да избереме здрав начин на исхрана, да најдеме лек за повеќе болести и не на последно место – да го одбереме вистинскиот партнер.
Крвната група А
О, тоа се жедните ловци. Сакаат пречки и упорно ги совладуваат. Потоа за кратко уживаат во победата и повторно се упатуваат да бркаат диво. За нив е важно жената да изгледа недостапна, а откако ќе ја освојата како трофеј, таа треба од време на време да ги потсетува дека може да им избега.
Крвна група B
Овие пак се вредни “занаетчии”. Тие долго, внимателно и трпеливо работат на проектот, а дури потоа ги грабаат плодовите на својот труд. Дамите не треба да го отфрлат овој бавен, стабилен и понекогаш здодевен додворувач.
Крвна група AB
Ако мислите дека женските игри на недостапноста ќе ви помогнат да го заплеткате овој господин во мрежата, жестоко се лажете. Одбивањето и почитувањето на дистанцата се игри кои ќе им се допаднат на “ловците” од А групата, но на овие желни мажи тоа ќе им биде одвратно. Тој ќе се откаже многу побрзо од вас, доколку не му покажете апсолутна благонаклоност.
Крвна група 0
Овој енигматичен човек делува на жените како огнот на ноќните пеперутки. Тие се стремат кон неговата страст и слепо согоруваат во неа. И токму поради таа причина тој не сака жени кои се влечат по него.