After Midnight

Каква е разликата помеѓу љубовта и страста?

Многу често се случува да ги измешаме страста и физичката атракција со вистинската љубов. Впрочем голем дел од луѓето воопшто не наоѓаат разлика помеѓу овие две состојби. И во двата случаи сакаме некого неразумно, не престануваме да мислиме на него, чувствуваме недостаток кога го нема и среќни сме секогаш кога е околу нас. Но каква е навистина разликата помеѓу љубовта и страста и има ли всушност таква? Или втората е само производ на првата?

Според научниците разлика има и таа е често физиолошка. Страста предизвикува активност во делот од мозокот кој го контролира задоволството, а љубовта ја активира областа , давање важност на ова задоволство.

Професорот Џим Пфаунс од универзитетот Конкордија во Монтреал го споделил следново: “ Додека сексуалниот нагон има многу специфична цел, љубовта е посложена”.

Да, љубовта за нас секогаш била сложен мозочен процес, кој и до ден денешен не можеме да си го објасниме целосно. Но едно е јасно – тоа доведува до зависност и ние немаме ништо против тоа!

Напиши коментар