Секоја жена има сопствена замисла за тоа како треба да изгледа идеалниот маж. Меѓутоа, еве што секоја жена треба да стави на листата на своите критериуми…
Верноста
Верноста е една од најважните особини на вистинскиот маж, но тоа е многу тешко да се предвиди, особено ако се земат во предвид резултатите од анкетата која покажува дека дури 60% од мажите барем еднаш ја изневерилe својата партнерка. Решенитето е во сексот. Имено, мажите изневеруваат кога не се задоволни со сексот во врската. Затоа, доколку имате квалитетни сексуални односи, не морате да се грижите за неговата верност.
Почитување
Станува збор за многу важна особина. Вашето момче мора да ги цени другите, но и другите да го ценат него. Доколку ја поседува оваа карактеристика, значи дека држи до својот збор и до своите дела. Освен тоа, оваа особина покажува дека имате храбро момче покрај себе.
Манири
Секој вистински маж треба да биде пристоен и внимателен кон женските потреби. Нема изговор тој да не биде господин, особено кога се во прашање машко-женските односи.
Отвореност
Вистинскиот маж не ги избегнува одговорите. Тој учествува во разговорот и ве гледа дирекно во очи додека зборувате, што значи дека навистина е заинтересиран за она што го зборувате. Мажите кои не се дирекни, се слаби.
Искреност
Вистинскиот маж секогаш ја зборува вистината, а на она што сакате да го слушнете. Вистината понекогаш може да повреди, но тоа не е подобро отколку покрај себе да имате партнер кој постојано ќе ве лаже.
Зрелост
Тоа значи дека е во состојба да се грижи за себе и на проблемите да им пристапува смирено и зрело. Тој не мора да биде богат, но мора да знае како да заработи и како да ги распореди парите. Мажите поспоро созреваат и многу жени налетале на 30-годишни мажи кои се однесуваат како тинејџери.
Самоувереност
Добриот маж верува во себе и знае кои му се границите. Самоувереноста е знак дека ќе остане верeн на себе и тешко ќе се промени и ќе ве изненади со нешто негативно.
Позитивен став
Таквиот став покажува дека човекот е задоволен од својот живот. Позитивните луѓе повеќе се смеат, и се во состојба да ги насмејат и расположат и другите околу себе. Мажот со позитивен став ќе го препознаете по тоа што е оптимиста и наоѓа добро во се, за разлика од оние со негативен став кои во се гледаат нешто лошо и постојано се жалат.
