Free zone

Ќе се снима филм за Лионел Меси!

Една холивудска куќа го откупи правото на биографијата на Меси:” Приказната за момчето кое стана легенда”.

Холивудската продуцентска куќа соопшти дека наскоро ќе почне снимањето на филмот за најдобриот светски фудбалер Лионел Меси.

Наскоро ќе започнат и состаноците со потенцијалните режисери и сценаристи, а се очекува филмот премиерно да биде прикажан пред Светското првенство во Бразил следната година.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, во филмот ќе биде прикажан животот на сироманшното аргентинско момче кое ги надминува проблемите со својата слаба физичка конструкција и станува голема светска фудбалска звезда.

–          Целта е да направиме јак и позитивен филм кој ќе ја инспирира публиката – се наведува во соопштението на продуцентската куќа.

Напиши коментар