After Midnight

Кога оној што го сакаш ќе те напушти…

Ако еден ден љубовта на вашиот живот, со кого сте биле заедно неколку години, ве остави, не се разочарувајте, ве молам! Тој или ќе се врати штом разбере колку многу му нестостасувате, или нема да се врати, бидејќи заслужувате нешто многу подобро!

Сигурно за тоа време ќе се чувствувате страшно, сите ваши блиски ќе велат дека тој е ѓубре и не ве залужува… А пред тоа тврделе дека е одличен! Така зборуваат за да ве смират. Но не е важно што мислат другите. Единствено важно е вашето мислење и како вие се чувствувате.

Повеќето жени веднаш почнуваат да ги бараат недостатоците на бившиот, за да го надминат и да се чувствуваат подобро. Но има и такви кои сонуваат тој да се врати, пешки или на бел коњ. И тоа се случува! Им се случило на многу мои пријателки, на кои, фала му на Бога, не сум им објаснувала дека поранешниот или поранешната е ѓубре! Така се зачував и себе си чиста…

Сакам да споделам со вас една песна за вистинската љубов…

Ви посакувам да не се чувствувате така за никого, кој ги нема истите чувства кон вас!

Сите мои пријатели велат дека сум луда,

Само што не јас, тие се во заблуда!

Сите велат да не жалам

туку заповедите на разумот јас да ги извршувам…

Велат дека не бил доволно чист тој,

за да биде мој пријател и херој…

Не ме интересира што мислат тие,

зошто безумно ми се плаче…

Одлучив дека љубовта е единственото што вреди,

точно е дека се во свое време, и ќе стане минато…

Затоа нема да престанам да го сакам

и наместо да се откажам, ќе продолжам…

љубовта ми дава сила да се борам,

колку и невозможна да е таа, нема да ја истерам…

еден ден тој ќе разбере,

дека не било подобро …

Напиши коментар