After Midnight

Кој треба да ја плати сметката во ресторан?

Денес повторно решивме да разјасниме едно прашање, што подеднакво ги засега и двата пола. Темата беше поставена од наша колешка која навистина сакаше да знае што е правилно, па ние решивме со помош на анкета да стигнеме до вистинскиот одговор.

Резултатите од спроведената анкета се недвосмислени. Околу 70 % од жените кои учествуваа во анкетата мислат дека само мажот треба да ја плаќа сметката во ресторан, а околу 30% мислат дека сметката треба да ја поделат двајцата. И секако, 0% сметаат дека жената треба да ја плати сметката.

Какво е вашето мислење по темата? Очекуваме да дознаеме од коментарите што ќе ни ги оставите за оваа статија!

1 Коментар

Напиши коментар