After Midnight

Колку ни треба, за да се заљубиме?

Колку ви треба, за да натерате некого да се заљуби во вас? А за да се заљубите вие? Еден поглед, еден месец љубовни игри, една година докажување на љубовта…

Сигурно ќе ве разочараме, но вистината е дека за да се заљуби човек му треба точно 1/5 од секундата. Со други зборови – или се случува, или не се случува!

Љубовта може да е процес на растење и прифаќање на другиот, но тоа започнува со вљубувањето.  А тоа е како шлаканица на судбината. Се случува за миг, го протресува твојот свет и ништо повеќе не е исто… Звучи романтично, нели?

Па, да, само што се си има целосно научно објаснување. Вљубувањето не е акт на срцето и душата, тоа е Љубовта. Вљубувањето е хемиска реакција во мозокот. И таа реакција е многу јака.

Таа не поразува со истата сила со која тоа го прави кокаинот. Со таа разлика што последиците можат да бидат многу подобри. За да се создаде толку силна емоција, во мозокот се активираат 12 зони. Тие почнуваат да произведуваат хормони како допамин, адреналин, окситоцин и вазопресин.

Звучи прилично досадни и научно, нели? Но чувството дефинитивно не е досадно!

Напиши коментар