After Midnight

Колку трае идеалниот секс?

Не ги слушајте американците кои трубат дека сексот треба да трае не повеќе од 10 минути. Ние европејците сме друга работа. Барем тоа е тврдењето на научниците кои направија истражување меѓу 2000 мажи и жени од различни краеви на Европа.

Се покажа дека идеалното времетрање на сексот и за двата пола е 23 минути. А највозбудувачки е, ако се прави во сабота помеѓу 22:00 и 23:00 часот. Идеална поза? Тоа е јасно – жената одозгора.

Друг интересен факт е дека за инает на порно филмовите, голем дел од мажите и жените не паѓаат на секс со часови! Станува досадно, дури и болно.

Значи, ако сакате да се докажувате пред новиот партнер, подобро не се залагајте на секс маратон. Или како што се вели, уште поважен е квалитетот, а не квантитетот.

Write A Comment