After Midnight

Љубовта до гроб не е само мит!

За прв пат во историјата науката докажа дека вечната љубов не е мит.  Овие резултати се дело на на психолозите Бјанка Асеведо и Артур Арон од универзитетот во Њујорк. Тие успеале да ја оспорат теоријата дека љубовта трае само три години. Според нив е сосема возможно страста и возбудата да останат засекогаш, точно онакви какви што биле за време на медениот месец.

Резултатите покажуваат дека кога гледале слика на својата сопруга или сопруг, кај учесниците се активирал истиот центар во мозокот кој се активира во мозокот на младите вљубени, кои се на почетокот од својата врска, кога страстта е најсилна.

Освен тоа нивниот мозок лачел апсолутно иста количина допамин, познат уште како хормонот на среќата.

Напиши коментар