Авантурист
Сите жени, особено најатрактивните во градот се во потрага по мажи кои сакаат да се забавуваат и да прават авантуристички, необични и по малку опасни работи. Тоа е интригантно и дамите одма ги мами. Бегство од секојдневните досадни активности ниедна жена нема да им одолее.
Забавен
Хуморот е афродизијак за атрактивните жени. Доколку можете да насмеете многу лесно може и да ја освоите. Нормално, водете сметка хуморот да не ја преминува границата на добриот вкус.
Со стил
Атрактивните девојки сакаат мажи со стил. Би требало да знаете по нешто од мода, вино, егзотична храна и секој пат да и отварате врата кога влегува во просторијата.
Доминантен
Научно е докажано дека атрактивните девојки ги привлекуваат доминантни мажи. Жените сакаат мажи кои се одлучни и кои знаат што сакаат.
Романтичен
Не ги гледајте згодните жени површно, бидејќи ќе пропуштите да откриете колку тие знаат да бидат убави и внатрешно. Одушевете ги со поетски коментари и романтични детали.
Внимателен
Повеќе од поклони и комплименти, атрактивните жени сакаат да знаат дали размислувате за нив. Секој нов детал кои ќе го приметите на нејзе ќе биде голем плус за вас.