Многу жени решаваат да ги следат најновите модни тенденции со цел да направат впечаток.
Најчесто со својот избор тие ги шокираат пријателите но и партнерите, кои всушност повеќе го сакаат класичниот стил, покажа најновото проучување.
Стилистите направија список со креации кои ја возбудуваат машката фантазија и се соодветни не само за модниот подиум.
Класичниот аутфит според мислењето на најголемиот дел од испитаниците е во состојба да го остави мажот без зборови, особено во комбинација со соодветни чевли со висока подпетица. Најголемиот дел од мажите пак изјавиле дека не се привлечени од жени кои се облекуваат невкусно или вулгарно. Оскудната гардероба не остава ништо на машката фантазија. Освен тоа тие го поврзуваат начинот на облекување со карактерот на жената и според тоа прават прв впечаток за неа.
Фустан тип Мерлин Монро е нешто што секоја жена треба да го има, за да ја проверите вистинитоста на погоре кажаното. Истото важи и за црвениот фустан тип Холивуд кој ќе ве направи женствена и посексипилна од било кој друг аутфит. Хит засекогаш ќе остане малиот црн фустан кој се допаѓа на сите машки испитаници.
Женскиот сексапил е нешто што го имаш внатре во тебе и не се изразува со разголување, туку со изграден и добар стил на облекување што е нешто многу поразлично од стилот на фолк ѕвездите што за жал имаат многу следбенички на нашите простори.