Зошто мажите толку многу се плашат да ја признаат љубовта први? Најчесто проблемот е страв и нерешителност, велат психолозите.
Првите состаноци се така возбудливи и малку подоцна човек сваќа дека е вљубен.
По традиција жените очекуваат први да ги слушнат двете зборчиња – Те сакам, и се надеваат мажот да го направи првиот чекор.
Но тенденцијата постепено се менува и жените како поемоционални и чувствителни први се решеваат да го направат тој чекор.
Статистиката вели дека при секој трет пар мажот прв ги изјавува чувствата.
Психолозите сметаат дека често пати мажите не се искрени во тоа што го изјавуваат, а само го изговараат она што партнерката очекува да го чуе.
Друга причина за несподелување на чувствата е мажот да ја открил вистината, до која стигнале и француските сексолози.
А имено дека изјавувањето љубов денес не ги импресионира жените. Според експертите нежните зборови не само што не прават добар впечаток, туку се сметаат и за досадни од страна на повеќето жени.
Мажите се плашат дека на тој начин ќе изгледаат лигави и дека така ја губат машкоста.