After Midnight

Мажот не е ништо повеќе од еволуиран петел

Вистината е дека колку и да си ги кубеме косите, какви и вагинални вежби да правиме, колку и да сме добри во оралниот секс, секогаш има ризик саканиот да скршне од патот. Едноставно таква е неговата природа, зошто тој не е ништо друго освен еволуиран петел!

Станува збор за една теорија што науката ја насловила како „Ефектот на петелот“. Според неа и направените експерименти еден петел може да копулира со една иста кокошка не повеќе од 5 пати на ден. На шестиот ден тој едноставно губи интерес и не може да достигне до ерекција. Но во моментот кога пред него ќе се појави нова соблазнителна женка, тој повторно е сексуално подготвен и така …до петиот пат.

Науката за жал тврди дека ситуацијата и кај луѓето не е многу подалеку еволуирана и дека биологијата длабоко ги врежала своите трагови во сексуалните пориви кај мажите. Средно мажите можат да имаат секс со една и иста партнерка до пет пати на ден. И не е јасно како силата им се враќа веднаш штом пред очи им се појави нова палава дама.

Затоа девојки не очајувајте! Како и да ја вртиме, работите се всушност многу елементарни, идентични како редот во еден кокошарник – ти, тој, таа, па таа, па онаа…

Ако ви е некаква утеха, факт е дека причината за машкото неверство не произлегува од некои наши женски недостатоци, туку тоа е во генот на мажот, негово древно наследство…

Напиши коментар