Разделбите се секогаш тешки. Особено ако врската била “ветувачка”. Утехи од типот “ќе сретнеш друг” или “ниту си прва, ниту последна”, некако не помагаат. Вистината е дека прво треба да си помогнете сами.
Започнете со признавањето на фактот дека боли. Не се правете дека се е во ред. Лажната насмевка нема да ги реши проблемите. Колку долго ќе може да трчате, ако нозете не ве држат. Исто така ја разбираме моќта на вашата гордост, но така ризикувате да западнете во емоционална криза.
Дозволете и на маката да излезе. Буквално! Плачете, истурете ги негативните емоции. Неколку минути, час – колку што ви е потребно.
Ангажирајте го вашето време. Веќе ништо не ве запира! Бидете помеѓу луѓе. Тоа ќе ви помогне да ги отстраните тажните мисли.
Фокусирајте се на себе. Да влезете веднаш во нова врска – замена, е најголема грешка. Сега е време да си дадете шанса и јасна идеја што сакате да постигнете. Кои се вашите соништа? Кој сте вие и што заслужувате? Гледајте на разделбата не како на крај, туку како почеток на нов, подобар живот!
Можеби судбината за вас има спремено подобро сценарио!
