After Midnight

Начинот на кој сте ја изгубиле невиноста го регулира вашиот сегашен сексуален живот

Било да сте воделе љубов со човекот кого го сакате и тој прв пат да бил навистина незаборавен или пак невиноста сте ја загубиле со некое непознато момче додека сте биле пијани на некоја забава, сето тоа влијае на вашиот сегашен сексуален живот.

Истражувањата потврдиле дека оние кои имале убаво прво сексуално искуство сега имаат исполнет сексуален живот за разлика од оние кои своето прво сексуално искуство не го памтат по убави работи.

Оние кои воглавно ја чуваат својата невиност за оној вистинскиот, кога ќе доживеат сексуално искуство кое нема да биде онакво какво што го замислувале, се разочаруваат и подоцна не сакаат да имаат секс.

Оние кои губењето на невиноста го сметаат само како уште едно скалило во својот живот воглавно подоцна имаат убави искустава кога е во прашање сексот и знаат да уживаат во него.

Напиши коментар