After Midnight

Најбруталните работи кои еден маж може да и ги направи на една жена!

Господа, време е да дознаете дека работите кои верувате дека ве прават женкар всушност ни ги откриваат вашите трауми од детството!

Се закачкате со други жени во нејзино присуство

Не, не станува збор за љубомора! Едноставно тоа е најблаго речно навреда! Кога еден човек пројавува некаков сексуален интерес кон друга жена, било да е тоа добро камуфлирано и во форма на забава, ни зборува само за едно – непочитување на партнерот. И, господа, заштедете ги глупостите за чувство за хумор или широкоискреност, бидејќи ние, и вие знаеме дека има граници кои не треба да се поминат.

Погазување на нејзиното достоинство на јавно место

Да се удираш во градите колку си јак, додека ја понижуваш жената до себе на секој нејзин збор… Да и зборуваш пред другите колку е едноставна, глупава и е најубава кога молчи… Тоа е сведоштво колку искомплексиран си ти всушност. И единственото нешто што ќе го постигнеш е да им покажеш на околните дека во детството си имал сериозна траума од која очигледно уште не можеш да се ослободиш. Те молам, не се мачи да го направиш тоа на нејзин грб! Таа не е виновна што мајка долго те доела, а татко ти те третирал како губитник.

Однос како кон жена на повик

Ја повикуваш во доцните часови и ја покануваш да ти дојде на гости… со такси. Ја поздравуваш мртов пијан (очигледно си се вратил од дискотека) и без да губиш време ја легнуваш на креветот. Завршуваш за 4 минути и заспиваш, лигавејќи ја перницата. Ете тоа велиме – да се однесуваш со неа као со жена на повик.

Нерество со најдобрата пријателка

Неверството е гадно, боли! Но да го направиш тоа со нејзината најдобра пријателка и таа да дознае, е тоа е убиствено! Воздржи се од емоциите не поради неа, туку заради себе. Бидејќи ниту на пријателката ќе и оставиш добар впечаток (ако е девојка на место, се разбира) ниту ќе добиш нешто од тоа.

Write A Comment