Психолозите составиле список со најефикасните женски тактити, кои жените ги користат во комуникацијата и воопшто односот со спротивниот пол.
Од поколение во поколение жените стануваат се по итри за да ги постигнат своите цели. Психолозите сметаат дека жените постојано го менуваат начинот на однесување и си играат разни игрици со партнерот за да ги тестираат неговите квалитети, трпение и степен на вљубеност.
Експертите анализирале 58 стратегии кои жените ги користат за да го извлечат најдоброто од машкиот пол.
Експертите издвоиле неколку основни тактики, со кои манипулира понежниот пол. Во истражувањето учествувле 1500 мажи и жени, кои требало да одредат кој трик работи најдобро.
И еве ја топ листата: најуспешните женски итринки се голема самодоверба, ладен однос, отказ од секс, постојана зафатеност, флерт со други пред очите на партнерот и недостапност, особено во почетокот на врската.